ВМРО ДПМНЕ смета дека одлуката на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи да не учествува на регионалната конференција, е „приватизирање на државата за свои лични потреби и индивидуални маркетинг цели“.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во видео обраќањето истакнува дека неговата партија не се согласува со ваквата одлука и ја оценува како „незрело и скандалозно однесувањето на потпретседателот на владата кој по сопствена оценка и поради причини кои никако не ја засегаат Република Македонија одлучил да не учествува на регионалната конференција на која се преставувани државите од Западниот Балкан и на која се разговара за европската интеграција на регионот“.
Притоа Мицкоски истакнува дека овој, како што го нарекува “дипломатски скандал“ отвора повеќе дилеми:
– Дали учеството на Самити во иднина ќе зависи од тоа кои држави се поканети во регионот и дали владата има донесено одлука за тоа? Доколку се работи за изолирана одлука, дали владата ќе покрене прашање за одговорност за дипломатскиот скандал и каква ќе биде таа?, прашува Мицковски во изјавата.