Мицкоски очекува утре да биде разрешен

by fokus

Генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, очекува утре Владата да го разреши од фукцијата, па од тие причини на прес конференција денеска ги презентираше резултатите на компанијата во изминатото полугодие. ЕЛЕМ на својот наследник му го остава во добра финансиска кондиција со добивка од околу 9 милиони евра, а депозитите во неколку македонски банки изнесуваат 20 милиони евра, соопшти тој.

Се уште не е познато кој ќе го наследи Мицкоски, но во јавноста подолго време се шпекулира за поранешниот директор на Електростопанство Србија, Александар Обрадовиќ. За него неодамна Владата отпочна постапка за доделување на македонско државјанство. Иако Србинот го следат бројни контроверзии во неговата матична земја, високи владини функционери, вклучувајќи го и премиерот, Зоран Заев, во неколку наврати изјавија дека имаат високо мислење за него.

Мицкоски изрази неодобрување кон оваа информација.

– Тоа ќе биде потценување и девалвација на македонските екесперти и кадар. Но ако се сакало на првата позиција во ЕЛЕМ да се стави познат експерт, тогаш тој би требало да се бара надвор од Балканот – рече тој.

Доколку биде разрешен, како што рече, нема да остане во ЕЛЕМ туку ќе се врати на факултетот каде што предава и ќе се посвети на новата политичка функција генерален секретар во партијата од која доаѓа.

Поврзани новости