403
Христијан Мицковски, лидер на опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ, предмалку во Клубот на пратеници, каде се оддржува лидерска средба во скратен формат, изјави дека не се разговарало за измени на Кривичниот закон во делот на злоупотреба на службената положба и овластување, со цел да застарат кривичните дела на многу обвинети во предметите на СЈО
-Тоа беше обид да се сврти внманието од реалните теми, како што е штетниот договор со Грција, но и потенцијалните коруптивни дејаниа со човек фирма која се јави на тендер вреден 35 милиони, со грантовите од Фондот за иновации што ги добија луѓе од и блиски до владејачкото мнозинство – рече Мицковски, додавајќи дека тие во иднина ќе бидат третирани според истиот член од КЗ за злоупотреба на службена должност.