Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак.
-На средбата се разговараше за односите на Република Македонија со Руската Федерација како и за актуелната политичка и економска состојба во Македонија.Мицкоски во разговорот го информираше својот соговорник за реваншизмот кој власта го спроведува кон опозицијата, односно дека неоправдано во притвор од страна на актуелната власт се држат 6 пратеници од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што претставува 12% од самата коалиција или 5% од вкупниот број на пратеници.
Од страна на Мицкоски било нагласено дека и покрај забелешките кои ги имал Народниот правобранител за начинот на притворање и целата процедура со која се спроведуваа народните избраници до судот, до сега нема никаква одговорност од страна на актуелната власт.