Мицковски: Ковачевски гласал на владината седница за промена на имињата на улиците во Скопје

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски гласал за Листата на град Скопје за промена на улиците на седницата во март 2021 година, вели претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски во соопштение испратено до јавноста. Оваа реакција следува откако СДСМ го повика Мицковски да каже за настаните во Тетово и Скопје при посетата на косовскиот премиер Албин Курти во скопската општина Чаир беше промовирано новото име на улицата Втора македоснка бригада во Адем Демачи.

„Владата на ДУИ и СДСМ на две седници ја разгледува листата за имиња на улици, плоштади… доставена од град Скопје под водство на СДСМ.На 50 седница, одржана на 02.03.2021 година дава согласност. Точка 9 од записникот. Димитар Ковачевски е присутен на таа седница како заменик министер на Министерство за финансии , Фатмир Бесими е отсутен, значи дека Ковачевски гласал. На 51 седница, одржана на 09.03.2021 дава целосна согласност на Листата од град Скопје Точка 105 од записникот. Шупливи ви се тезите. Глумењето патриотизам вам и на вашите слуги во опозицијата исто така не ви прилега зошто нема предавство зад кое не стои вашиот потпис“, соопшти Мицковски. 

Поврзани новости