399
Во новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нема место за Илија Димовски и Антонијо Милошоски. Претседателот на партијата и предлагач на Извршниот комитет, Христијан Мицковски по завршување на Централниот комитет негираше дека ги исклучил од ИК поради тоа што бараа одложување на Конгресот во Валандово.
-Јас во неколку наврати кажав дека станува збор за перфектни луѓе, прекрасни личности коишто биле активисти од партијата, извршувале големи и значајни државни функции, имаа уште многу што дадат во структурите на партијата, така што не се исклучува можност за нивно понатамошно ангажирање во било кои сегменти во структурата на партијата, се разбира доколку тоа соодветствува со нивните амбиции, изјави Мицковски.