Ако ме прашаат дали сте за ЕУ и НАТО, веднаш одговорам да, но сме жестоко против капитулантскиот договорот со Грција со кој се подрива нашиот идентитет и е надвор од нашите принципи, бидејќи овој договор е против нашиот идентитет и против нашите принципи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на протесниот марш во Кичево.
-Јавноста не не слушнала ниту еден аргумент против дека со договорот се уништува инситутуционалниот идентитет и дека со членот 8 од договорот кој предвидува формирање на комисија помеѓу двете држави Македонија и Грција ќе се ревидира историјата, археологијата и образованието, што практично значи дури и се да се исполни од договорот Грција ќе ја има можноста да ја блокира нашата интеграција во Европската Унија. Треба да се сложиме на тоа дека сме народ без корен, држава без историја – рече Мицковски.
Тој додаде дека иако референдумското прашање е тросмислено, неговата суштина е токму договорот со Грција.