Мицкоски: Буџетот ако е во одлична кондиција, покачете ги пензиите

by Fokus
Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека ако буџетот е во одлична кондиција како што тврдат од Владата, тогаш да се исполнат барањата на пензионерите и да им се покачат пензиите. 

„Тоа се луѓе кои што заслужуваат својот пензионерски живот да го поминат без да имаат грижат дали пензијата ќе им стигне од први до први“, изјави Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека доколку е точна изјавата на министерот за финансии Фатмир Бесими дека буџетот е во одлична кондиција тогаш веднаш да седнат со пензионерите и да ги исполнат нивните барања, место да се трошат парите на криминал и сомнителни тендери склучени во четири очи.

„И во услови кога имаме огромен криминал, во улови кога имаме исплатени 180 милиони евра немаме ниту шајка заковано, ниту лопата фрлено за проектот кој што требаше да биде капитален. Во услови кога министерот за финансии вчера вели дека буџетот бил во одлична кондиција, најмалку што заслужуваат овие луѓе е токму тоа да нивните барања бидат исполнети, ако е точно сето ова кое што го кажува Владата“, рече Мицкоски.

 

Поврзани новости