485
Ќе дојдат подобри времиња за граѓаните на Македонија и за татковината. Ова го напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Твитер налог.
„Зората ќе дојде, а ние сме искрата која што ќе ја донесе таа зора. Зората ќе го разбие мракот! Зора која ќе донесе ново утро, нова надеж, добрина и подобри времиња за Македонија и сите граѓани на нашата мила татковина!“, посочи Мицкоски.