777
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, после денешната лидерска средба рече дека во повеќе од 50 држави во светот се одложени изборите.
Притоа, одговарајќи на новинарско прашање дали може да каже еден пример од овие земји во кои нема активен парламент и државата ја води техничка влада, Мицкоски ја спомена Словачка.
Меѓутоа, Словачка одржа парламентарни избори на 29 февруари, по што тамошното собрание изгласа влада на 21 март на чело со Игор Матович.
Оттука, тврдењето на Мицкоски претставува лажна информација или грешка.