Мицкоски: Земјоделците годинава ќе добијат 120 милиони евра за директни плаќања

by Fokus

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали оваа година се планираат директни исплаќања на земјоделците и колкава ќе биде поддршката од Владата кон нив, рече дека следната година се предвидени над 120 милиони денари за директни плаќања за земјоделците.

„Да апсолутно, сакам да потсетам дека откако сме Влада, само во текот на минатата година кога бевме избрани како Влада од 24 јуни, па до крајот на 2024 година, се префрлени повеќе од 70 милиони евра за земјоделците. Со што се вратени оние долгувања од минатото и сега веќе имаме тековни исплати, што е добро. А, за следната година повеќе од 7,2 милијарди денари нешто над 120 милиони евра, се предвидени за директни плаќања за земјоделците, од централниот Буџет. Земјоделците се нашиот приоритет. Знаете изминатава година имавме навистина добри резултати и кај лозарите и кај јаболкарите.

Се сеќавате при крајот на годината со онаа рекордна висока цена кај тутунарите поддршка добија и оние коишто произведуваат раноградинарски производи сливарите. Потоа се обезбеди на пазар и за оризопроизводителите, пченицата, јачменот итн. Континуирано се помагаат земјоделците, така ќе продолжиме и во оваа година“, изјави Мицкоски.

Поврзани новости