Мицкоски засега не планира ТВ дуел со Пендаровски

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски засега не планира да учествува на тв дуел со претседателот на државата и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски.

Му порача на Пендаровски „откако ќе ги изгуби изборите ќе треба да ја добие довербата на делегатите на СДСМ за претседател на партијата, па после да бара дуел“.

-Јас немам проблем од дуели и дебати, но за да Стево ја добие таа чест да имаме дуел и дебата, најпрвин треба откако ќе ги изгуби изборите на 8 мај, да ја добие довербата на делегатите од СДСМ и да стане претседател на СДСМ, а СДСМ најголема опозициска партија, што се сомневам дека ќе биде после овие избори на 8 мај и тука повторно да излаже, потенцираше Мицкоски од Струмица и додаде дека пред да дојде до таа точка Пендаровски треба да и се извини и на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова за навредите што ги упати кон неа, „но и да престане да биде измеќар на Али Ахмети и Артан Груби“.

Поврзани новости