Мицкоски засега единствен кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека до партиските органи пристигнала кандидатурата актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски потпишана од 50 делегати.

Во кандидатурата, меѓу другото, пишува: „Ние како делегати на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ покренуваме формална иницијатива за номинација на проф. д-р Христијан Мицкоски во изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Дадената недвосмислена и безрезервна поддршка е резултат на неговото досегашно одговорно, чесно и квалитетно раководење со партијата, големиот напор кој што го вложи кон стабилизирање на состојбите во најголемата политичка партија во нашата земја, како и на постигнатите позитивни изборни резултати од последните локални избори“.

Меѓу потпишаните делегати на 17-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата на Мицкоски се и пратениците Дафина Стојаноска, Антонијо Милошески, Ели Панова, градоначалниците Тимчо Муцунски, Бобан Стефковски, Александар Стојкоски, Орце Ѓорѓиевски, Дарко Костовски, Борче Митевски, Стевче Трпковски, Коста Маневски, Иван Јорданов, Кирил Пецаков, Борче Јовчески.

Потписници на кандидатурата се и претседателите на униите, Жаклина Пешевска Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов на Унија на млади сили, претседателот на Патриотскиот институт Александар Пандов, како и директорот на Центарот за комуникации Луке Галески и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Меѓу потписниците се Владимир Нелоски, Борко Ристовски, Илија Димовски, Оливер Шамбевски.

Поврзани новости