Мицкоски: Заев врати се од екскурзиите, овде луѓе умираат

by fokus
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на Фејсбук го повика премиерот Зоран Заев да се врати од странство и под итно да се преземат мерки за корона вирусот.
-Денес 40 луѓе ги загубија животите поради #COVID.
Зоран Заев врати се во Македонија и покажи малку човечност. Врати се од ексурзиите платени со народни пари затоа што има луѓе кои умираат, прошетките се едно, но овде се работи за животи. Сепак не заборавај дека земаш плата од народот, а нему му треба помош. Под итно да се преземат мерки за короната која е рамна на национална катастрофа.
Оставките веќе не се прашање на политички потег, туку нужност за државата и народот да преживеат, напиша Мицкоски.

Поврзани новости