Мицкоски: Заев сака да прикаже дека јас сум власт за да се амнестира од фијаското со Ковид 19

by Фокус

Жалам што трагедијата и фијаското што се случува со ширењето на заразата Зоран Заев ја сведува на обична дневнополитичка пресметка, во ситуација кога дневно се заболуваат над 50 луѓе, а бројката на починати расте, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Мерките против корона кризата се укинаа по препорака на Комисијата за заразни болести водена од политичарот Караџовски, а одлуката е донесена од владата на Заев и Спасовски. Мнозинството во таа влада е на Зоран Заев и СДСМ. Тие сакаат да претстават дека јас и ВМРО-ДПМНЕ сме власт само за да се амнестираат од сопствената одговорност за погрешните одлуки и проценки“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Тој додаде дека министерот Наќе Чулев е врвен професионалец кој, како што рече, работи согласно одлуки на Владата, спроведува закони и ги штити граѓаните.

„Вие треба да објасните зошто толку драматично го сменивте мислењето од 7 мај кога сакајќи да се додворите напишавте дека полицијата покажа готовност, професионалност и пожртвуваност. Не го потценувајте народот, ваквото менување на реторика на 5 минути до 12 часот, претставува ново салто мортале на СДСМ. Добро знаеме што зборувавте вчера и колку само предупредував да не дојде до ова што го имаме денес“, порача Мицкоски.

Поврзани новости