Мицкоски: Заев побара време за консултации за нашиот предлог за министер за внатрешни

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Зоран Заев изјави дека името на предлогот за технички министер за внатрешни работи ќе биде познато за еден час, бидејќи Заев побарал време за дополнителни консултации.

-Името на техничкиот министер за внатрешни работи му го презентиравме на премиерот во заминување Зоран Заев, но тој побара време за дополнителни консултации. Немаше забелешки и дополнителни коментари. Се работи за професионалец и нов човек во политиката, рече Мицкоски.

Што се однеува до предлозите за Министерството за труд и социјална политика, за земјоделство и за администрација, ќе се знаат во понеделник, по телефонските консулатации Мицкоски-Заев.

Поврзани новости