698
Зоран Заев направи луѓето да се чувствуваат како граѓани од втор ред во Македонија, истакна опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.
„Изјавите на Заев за училиштата во Чаир ги соборуваат неговите лични рекорди. Тоа е направено на незаконит начин, на начин на кој се силуваат процесите во државата. Не гледам потреба вакви работи да се прават сега. Се доведуваме до таква позиција кога треба да зборуваме на теми кои не се добри. Тој направи граѓаните да се чувствуваат од втор ред во државата. Што се однесува до културата, тоа ќе биде една од точките кои ќе бидат цел на интерес. Во културата не е направено апсолутно ништо. Преку културата се отсликува едно општество. А, после 12 април ќе има одговорност, тогаш нема бегање“, истакна Мицкоски.