„Пред изборите Заев најави пет нови странски инвестиции во септември, доколку остане премиер. Дојде октомври, бројката е нула. Вчера најави 3 милијарди долари странски инвестиции, демантот стигна уште денес, Владата раскина договор за закуп на земјиштето во Бунарџик со две странски компании. Револуционерната мерка која Заев вчера ја најави е намалување на администрацијата за 20 проценти, што во превод значи партиски реваншизам, за да останеле пари за капитални инвестиции. Финансии за капитални инвестиции има, но се клучни два фактори зошто нема нивна реализација. Прво неспособни се министрите да ги реализираат, второ, парите за капитални инвестиции се трошат за купување на социјален мир, картички и политика „купи ден-помини““, напиша Мицкоски на фејсбук.
Мицкоски: Заев најави 5 странски инвестиции, а две компании ги раскинаа договорите
705
Стратегијата која Заев вчера ја кажа значи дека неколку илјади компании кои денес, пред се поради кризата, но и од други причини бележат загуби, нивните сопственици, ќе бидат оставени на милост и немилост да пропаднат, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христина Мицкоски.