Мицкоски: Заев ја доби власта на тацна без изборна победа

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во Радовиш ги повика граѓаните на изборите на 15-ти јули да гласаат против, како што рече, ненародната власт на Зоран Заев.

-Пред нас се парламентарни избори, на коишто ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот и коалицијата е пред историски најголема победа којашто ќе се случи на 15 јули. Урнавме политичари кои практично ја добија на тацна владата. Политичари кои тоа не го заслужија бидејќи ги загубија последните парламентарни избори одржани во 2016 година. Впрочем, не можам да се сетам на ниедна парламентарна победа на СДСМ последниве 18 години. Така ќе биде и после 15 јули. И така СДСМ ќе биде со цели 22 години без победа – рече Мицкоски.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за просперитетна држава која припаѓа на сите граѓани.

-Ние втора држава немаме. Тука сме се родиле, тука сме се радувале, тука сме тагувале. И токму вреди оваа жртва која заедно со нас, која што ние заедно со народот рамо до рамо ја правиме, за да ја победиме оваа тригодишна пандемија предизвикана од СДСМ предводена од Зоран Заев, а потоа да си ги засукаме ракавите и да си ја обновиме државата. Наместо да ја понижуваат нашата Македонија, да и ја виткаат кичмата и да ја парчат и распарчуваат, требаше да направат нешто, но тие ниту можеа ниту сакаа – рече Мицкоски.

Поврзани новости