Мицкоски: Заев и Спасовски се одговорни за бегството на Груевски

by Fokus

Одговорноста за начинот на движење, методите и бегството на Груевски треба да се бара во власта, поточно во Заев и Спасовски, напиша на Фејсбук претседателот на вМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според него, политичкиот прогон и терор станува основен метод на дејствување на оваа власт. Мицкоски тврди дека државата е киднапирана и дека граѓаните се соочуваат со растечка сиромаштија, зголемени даноци, одземено достоинство, промена на име, идентитет. За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ова се вистинските теми кои ја разголуваат неспособноста на власта која се дефокусира со други теми и прашања, како што е последните случувања врзани со случајот Груевски.

– Одговорноста за начинот на движење, методите и бегството на Груевски треба да се бара во власта, поточно во Заев и Спасовски. Иако притисокот, поточно прогонот кој го прави власта е политички мотивиран и е евидентен и многу јасен, самиот потег на бегство не го оправдувам, и тоа не е опција особено што други лица и нивните семејства ќе ги трпат последиците од таквата постапка. Оваа земја има поголем проблем, тоа е криминалната власт на СДСМ која мора да се спречи, напиша Мицкоски.

Поврзани новости