576
Велеа дека ја победија короната, а поради негрижата на Владата на Зоран Заев и Оливер Спасовски досега имаме 169 починати, 3.538 заразени, повеќе од 15.000 граѓани кои се нови невработени и ги загубија работните места, а се уште е непознат број на новозаразени кои допрва ќе се откријат, напиша предмалку на фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„А Заев и Владата се фалат дека се е под контрола и се е нормално. Вонредното го прават редовно, ненормалното нормално. Претседателе Пендаровски се слушаме?“, напиша Мицкоски.