Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот протест за правда рече дека правдата била нападната од неправдата, а Зоран Заев бил и премиер и обвинител и судија.
-Тоа е мафија која три години е сојузник на криминалот. Тоа е мафија која диктира обвиненија и пресуди, мафија која го негува режимот на Зоран Заев. Но, за сето ова највиновен е самиот Заев. Тој е виновен затоа што во исто време е премиер, обвинител и судија. Тој е главен рекетар и трговец со виталните органи на Македонија. На човекот не му е тешко да украде и да се посрамоти, но само не му барајте да биде чесен, оти тоа му е најтешко. Слушнавме во снимките која била реалноста. Ќе се обидам да цитирам: без Заев не се може, трас-трас. Па така, ако Заев е капо ди тути капи на мафијата, тогаш неговите советници и неговите верни заштитници се Вилма Русковска и Љубомир Јовески