Мицкоски: Заев да го раскине договорот со командант Хоџа и да си го вработи во негова фирма

by fokus

Ако Заев сака да му помогне на командант Хоџа тоа е негова лична работа и може да си го вработи во некоја од неговите фирми, реагираше денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Двајцата делат иста идеологија и исти вредности. Сепак, тоа што се политички истомисленици и постигнале некаков меѓусебен договор, не му дава на Заев за право да го вработува на висока функција во владата и да го плаќа со пари на граѓаните. Го повикувам премиерот Зоран Заев да го раскине договорот за вработување на Џезаир Шакири во Владата и доколку толку многу сака да помогне можеби е добро да го вработи во неговата семејна компанија Тотал инженеринг. Убеден сум дека чесните граѓани на Македонија не би сакале да  финансираат некој што се заканувал и велел дека доколку имал оружје, Македонците ќе ги протера од овие простори. Но, тука е важна и една друга порака. Се уште немаме одговор на прашањето кој го заробил, и кој го ослободил Танушевци, и зошто доколку било тоа така надлежните органи не реагирале и не ја известиле јавноста. И суштинската дилема останува, доколку некој се дрзне да направи некое незаконско дело, нападне полиција или нешто слично, наместо да биде санкциониран добива место во Владата, рече Мицкоски.

Поврзани новости