Мицкоски задоволен од средбата со Заев:Од утре работни групи ќе работат на предлог законот за СЈО и на реформските закони

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерашната лидерска средба со Заев  ја оцени како корисна затоа што е договорено веќе од утре да почнат да работат на усогласување на предлогот на законот за СЈО и на останатите реформски закони.

„Разменивме факти и аргументи од наша и од владина страна. Република Македонија мора да стане достоинствено место за живеење за сите граѓани. Го пренесов чувството за политички прогон. Главно, ова беше корисна средба за релаксирање на односите и за дефинирање на околностите за кредибилна претседателска трка на која убедени сме дека ќе победиме. Ги дадовме нашите забелешки за вештачките вработувања во државната администрација, во локалната самоуправа, за трансфери од буџетот кои ненаменски се користат за промотивни активности. Ова не оди во правец на релаксирање на односите за кредибилен изборен циклус. Укажавме на неправилностите од референдумското изјаснување. Многу нешта во однос на првиот и вториот круг од претседателските избори зависат од Владата“, рече Мицкоски.

На средбата била договорена и оперативна комуникација меѓу двата изборни штаба, а изразена е надеж дека ќе се приклучи и изборниот штаб на третиот кандидат за претседателските избори. Мицкоски изјави дека не добил гаранција дека изборниот процесот ќе биде фер и демократски и дека на потег е Владата за да ги корегира сите укажани слабости.

ФОТО: МКД.МК

Поврзани новости