Мојата порака за оваа година е да бидеме единствени, да се обединиме и да го победиме злото, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Македонската телевизија.
Мицкоски потенцираше дека иако 2022та година не усепале да издејствуваат предвремени парламентарни избори, во оваа година ќе сторат се што е во нивна моќ да се одржат предвремени избори, и наместо да има влада и премиер избрани од неколкумина, да се избере нова влада и премиер од народот.
-Можеби една работа недостасуваше, а тоа е да успееме некако да дојдеме до предвремени парламентарни избори. Но, за жал немаме свесни 61 глас во рамки на парламентот кои што ќе го остават својот личен и партиски интерес на страна, и ќе го гледаат државниот интерес на народот во Македонија, без разлика тука дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби или други, треба да го гледаат интересот на народот и државата. За жал минатата година 61 не успеавме да најдеме, се надеваме дека оваа година ќе дојдеме до 61 кои ќе го распуштат парламентот и наместо избран од неколкумина премиер, ќе имаат Влада и премиер кои ќе бидат избрани од народот и ќе имаат премиер и влада кои што ќе бидат народни и ќе сториме се што е во наша моќ тоа да го направиме, дециден е тој.