Мицкоски: За жал Кекеновски поднесе претставка до Уставниот суд пред нас

by fokus

За жал, ете се случи да предвреме господинот Кекеновски поднесе практично претставка во Уставниот суд за оценка на уставноста за Законот за јазиците, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Охрид и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не е против примената на јазиците на етничките заедници, но тоа мора да биде направено согласно Уставот.

-Во целокупната процедура има многу недостатоци. Има многу дивјаштво, многу насилство, и сето она кое што се случуваше навистина не прилега на една демократска земја која што се стреми, планира да биде утре дел од европското семејство. Она што ние како политичка партија го кажавме ние тоа и го реализиравме во текот на вчерашниот ден. Поднесовме кривични пријави против луѓето кои што се соучесници во ова злодело и насилство врз основа на Уставот и законите, и парламентарните процедури. За жал, ете се случи да предвреме господинот Кекеновски да поднесе практично претставка во Уставниот суд за оценка на уставноста за Законот за јазиците. Доколку се суди согласно правото во оваа држава овој закон треба да биде отстранет, одговори Мицкоски на новинарско прашање дали иако вчера ВМРО-ДПМНЕ не успеа да ја поднесе претставката до Уставен суд за Законот за јазиците сепак останува поддршката на партијата за иницијативата.

Поврзани новости