Јас во една прилика кажав дека професорката Силјановска во вториот круг очекувам да има повеќе од 500.000 гласови, а дека коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 55 плус пратеника. И тоа се случи, исто како за првиот круг се случи тоа што се случи со Силјановска и мислам дека народот си го кажа своето, граѓаните си го кажаа своето, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само интервју“.
Мицкоски во текот на своето гостување зборуваше за власта во заминување и истакна дека не може никој ниту со државата, ниту со народот континуирано преку гимнастики и политички инжињеринг да функционира.
-Не можете со една држава и со еден народ, без разлика од која етничка припадност доаѓа континуирано преку гимнастики, политички инжињеринг да функционирате. И тоа се виде вчера, рече Мицкоски.
Toj рече дека на тоа предупредувале со месеци и со години.
-Јасно беше уште после локалните избори во 2021 дека мора да има промени во Mакедонија, мора да дојде до промена на владината структура, посочи Мицкоски.