Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 индиректно кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на собраниската седницата за прецизирање на условите и деталите за референдумот за Договорот со Грција.
На прашањето на водителката дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на собраниската седница за референдумот, Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седницата за ратификација на Договорот со Грција кој сега треба повторно да се гласа откако Иванов не го потпиша, а на сите други седници и точки на дневен ред ќе учествува.
-ВМРО-ДПМНЕ води принципелна политика, чесна и искрена. Бидејќи повторно имаме кршење на законите, не можеме повеќе да толерираме кршење на процедурите и сега повторно нема да учествуваме на повторното гласање на Договорот. Нашите аргументи ги објаснуваме на нашите дебати. Ние не сакаме да бидеме соучесници во ова криминално дело. Tоа се однесува на ратификацијата на Договорот со Грција, односно на седницата на која овој закон ќе биде ставен на трето читање за повторно да се изгласа. На други седници и точки на дневен ред, ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува, како што учестувуваше денеска, рече Мицкоски.