721
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 го најави протестот во сабота како еден од најголемите протести досега во Македонија.
Во однос на тоа колку автобуси ќе закупи партијата за носење граѓани на протестот, Мицкоски рече дека за тоа се задолжени други луѓе во партијата.
-Од она што го гледам, од луѓето, чувствувам дека ќе биде еден од најголемите протести досега. Десетици илјади граѓани ќе излезат од цела Македонија. Не знам колку автобуси се организирани, си има други луѓе во партијата кои се задолжени за тоа. Сите оние луѓе кои не можат да си обезбедат превоз, ќе има превоз од партијата, најави Мицкоски.