Мицкоски за Пендаровски: Тој е изгубен во своите изјави, а кампањата ја почна со лага

by Fokus

Консензуалниот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски е изгубен во своите изјави, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска оствари средба со граѓани во Општина Тетово.

Според Мицкоски, Пендаровски бил свесен дека ќе ги изгуби претседателските избори, па затоа измислува алиби дека го следи странска служба блиска до опозициската партија.

„Го прашавме министерот и несуден кандидат за претседател Оливер Спасовски, дали е безбеден господинот Пендаровски, денеска демант стигна од премиерот, и претседател на СДСМ, кој рече дека Стево Пендаровски е апсолутно целосно безбеден“, вели Мицкоски.

Тој додаде дека Пендаровски не може да биде претседател бидејќи во минатото ги навредувал граѓаните и тие не можат да имаат доверба во него.

Поврзани новости