Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека воопшто не е разочаран во однос на изјавите за референдумското изјаснување на претседателот на државата Стево Пендаровски. Според него, Пендаровски покажал дека е, како што вели, поданик, а не државник.
-Јас би бил разочаран од став на човек чие што мислење ми значи. Имајќи во предвид дека ставот на претседателот Пендаровски мене воопшто не ми значи не можам да кажам дека сум разочаран, едноставно само го чекав денот кога ќе го направи ова салто мортале – рече Мицкоски.
Тој додаде дека, како што вели, го чекал денот кога Пендаровски „ќе добие насока практично од државник се претвори во послушник“ и, посочува Мицкоски, ќе се врати на оригиналните позиции кои што ги имаше пред да го даде интервјуто за Фокус.
-Не знам како успеал да му протне таков став. Но еве се корегираше, па да сумирам би бил разочаран од некој чии што став ми значи. Но имајќи во предвид дека неговиот став воопшто не ми значи можам да кажам дека не само што не сум разочаран, туку уште еднаш на отворена сцена пред граѓаните кажа колку погреши – рече Мицкоски на Канал 5.