Мицкоски за онесвестувањето на Папазов: Беше интензивен период

by fokus

Градоначалникот кој денеска се онесвести за време на прес конференцијата на Христијан Мицкоски е градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

Мицкоски по прес конференцијата на Фејсбук објави дека изминатиот период бил интензивен и си го земал данокот.

-На денешната прес конференција за миг му се слоши на Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани. Се е во ред. Интензивен период беше, и тоа си го зема данокот… Поминавме многу, ќе поминеме уште повеќе. Сложно и братски.
А тој ќе мора да вети покрај другите работи на кои сите се обврзавме денес, дека нема да го прескокнува појадокот 🙂
Продолжуваме за новата иднина во која сите веруваме!, напиша Мицкоски.

Поврзани новости