Мицкоски за новиот владин состав: Чувари на заевизмот и слепи послушници

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за Дојче Веле, за предлог составот на Владата вели дека во неа се наоѓаат истите ликови чии политики беа поразени на последните локални избори, но и ликови кои што воопшто не се впечатливи.

Toj додава дека на овие позиции се дојдени како чувари на заевизмот и слепи послушници.

-Сега во оваа влада се наоѓаат истите ликови чии политики беа поразени. Го имате Љупчо Николовски кој беше задолжен за антикорупција во времето кога оваа влада на сите скали е на првото место по корупција. Повторно министер е Маричиќ, кој е познат по неправдите и хаосот во правосудството и монтираните случаи кои завршуваат со неспроведување на правдата. Во владата продолжува да биде министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е главниот бранител на мафијата и во чие време се случија најголемите скандали поврзани со разни шверцови, пасоши, нерасветлени убиства и слично. Министер е и Битиќи, кој ќе остане запаметен по фијаското во економијата, инфлацијата, високите цени во маркетите, а ниските плати, изјави Мицкоски.

Од друга страна, додава Мицкоски, имате и невпечатливи министри, чии портфолија кажуваат дека таму се дојдени како чувари на заевизмот и слепи послушници.

-Министер е и професорот Тупанчески, кој би било добро да го чуеме што мисли како добар правник за главното барање на Алтернатива кое е дел од договорот со СДСМ – за реотворање на случаите „Монструм“ и другите правно утврдени случаи, вели Мицкоски.

Поврзани новости