861
Градовите и селата ни се празнат, а се дебатира дали градоначалникот во Кичево ќе има право да го виори албанското знаме во градот, вели лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат.
„Гледам повторно во јавноста тема, дали е сега градоначалникот на Кичево голем јунак оти го изгубил или сѐ уште ќе го задржи, да го има албанското знаме во Кичево. За кого ќе се вее тоа албанско знаме ако се празни градот. Еве, нека се вее, никој не прави проблем. За кого ќе се вее кога се празни училниците. Празни се селата. Појдете по Зајас, појдете по Осломеј. Појдете и по Вранешница и по Другово. Секаде е празно“, рече Мицкоски.