Мицкоски за „Фокус“: Трагедијата од економското цунами ќе се зголемува, наскоро ќе излеземе со програма

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за „Фокус“ вечерва рече дека неговата партија многу скоро ќе излезе со програма и конкретни проекти за да ја извлече Македонија од економската бездна во која, како што вели, сегашната власт ја турка.

-Многу скоро ќе излеземе со конкретна програма и проекти, само се плашам дека како одминува времето трагедијата од економското цунами што ни се случува ќе се зголемува, изјави Мицкоски.

Тој денеска по средбата со граѓани и членови на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Радовиш објави дека економијата е уништена и руинирана, а оваа Влада го задолжила секоја семејство по 1.200 евра за два ипол месеци.

К.С.

Поврзани новости