Мицкоски за Фокус: Ќе бидеме против било каква промена во учебниците

by fokus

Очекувам целосна дипломатска офанзива од ЕУ врз Бугарија, затоа што ако се фокусираат врз македонските политичари, нема да има успех, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за најновиот број на неделникот Фокус.

-Ние нема да го дозволиме тоа во Парламентот и ќе бидеме против каква било нова промена во учебниците. Не може во 21 век, историјата да ни биде пречка за иднината. Не очекувам дека Македонија ќе се раздели од Албанија. Има земји-членки што нема да го дозволат тоа. Замислете каков парадокс доживеавме. Ако пред три години, ние критикувавме што бевме ставени во група со Албанија, сега не сакаме да се отпуштиме по ниту една цена. Еве до каде нѐ дотераа. Срам, понижување, буквално распродавање на сето она што со години е градено – рече Мицкоски.

Целото интервју прочитајте го новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости