Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека Владата е подготвена за суштински разговори за евроинтеграциите и блокадата на патот кон ЕУ, но дека за тоа треба да има подготвеност и од другата страна, односно од Бугарија.
Нагласи дека нема промена на позициите кои подразбираат уставни измени со одложено дејство како гаранција дека нема да има нови условувања од Бугарија. Како што рече, изминатите месеци од своите европски соговорници не чул спротивставени аргументи на неговите, ниту пак пораки од типот – земете, или оставете.
„Нема да покажеме бело знаме и да се откажеме, ќе се бориме додека не излеземе како победници во блокадата на македонските интеграции, рече Мицкоски.
Дали е можен некаков исчекор во следните месеци во комуникацијата со официјална Софија, Мицкоски вели дека не може да каже, но како што вели за танц се потребни двајца.