Мицкоски за енергетската криза: Не не спасува ниту половина милијарда евра!

by Фокус

Ако е вистина тоа што го слушнав и прочитав по медиумите дека власта подготвува отфрлање на нашата референдумска иницијатива поднесена во парламентот, тогаш тоа значи дека таа се плаши од соочување со народот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со иницијативата за референдум за поништување на договорот со Бугарија.

-Јас уште еднаш ги предупредувам дека единствената одговорност ќе биде кај Владата, бидејќи не покажува демократски капацитет. Ова е одлична можност за демократско изјаснување на народот и на референдум и на предвремени избори, Но, можеби се работи само за шпекулации и го да оставиме спикерот Џафери најпрвин да ја дозволи иницијативата и потоа да се овозможи да ги собереме потребните 150 илјади потписи и да одиме на референдум – изјави Мицкоски.

За време на денешната посета на Кавадарци, тој одговараше и на прашање поврзано со енергетската криза, односно дали се можни рестрикции?

-Едно знам – многу пари ќе ни требаат. Ако се сеќавате, најавуваа од Владата дека ќе им требаат 150 милиони евра за да ја поминеме годината и да ја совладаме енергетската криза. После оној состанок кај Пендаровски кој што навистина не знам за што беше одржан, излегоа со бројка од 300 милиони. Еве јас ви велам 500 милиони можеби ќе бидат малку. Затоа што тие го забораваат стопанството, тие гледаат само тоа што нив ги интересира, а забораваат на стопанството, забораваат на локаните единици на управување кој што имаат екстремно големи трошоци – посочи Мицкоски.

Според него, половина милијарда можеби ќе биде малку за надминување на кризата, бидејќи, како што истакнува, тоа е резултат на неодговорното работење и недомаќинско работење.

-Кога требаше да произведуваат и да се организираат, тие крадеа, договараа тендери во четири очи, кој ќе го врши превозот на увезениот јаглен, кој ќе го прави ископот во четири очи, кој ќе го вози мазутот до ТЕЦ Неготино и до Битола и Кичево. Тоа е суштината, тие тука гледаа колкава да биде провизијата, не гледаа како да ја поминеме зимата, иако предупредувавме една година претходно – порача Мицкоски.

Поврзани новости