Мицкоски за Борис Трајковски: Македонија загуби државник со визија, лидер кој веруваше во помирување

by Fokus

„Сеќавање на претседателот Борис Трајковски.

Денес се навршуваат 21 година од трагичната авионска несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски, заедно со неговите соработници и екипажот на авионот.
Македонија тогаш загуби државник со визија, лидер кој веруваше во помирување, стабилност и европска иднина на татковината.

Борис Трајковски ќе остане запаметен по својата посветеност, смиреност и решителност во најтешките моменти за државата.
Неговите заложби за мир, соработка и интеграција се вредности кои и денес остануваат пример за сите нас.

Вечна му слава!

Македонија никогаш нема да го заборави!“ напиша на Фејсбук македонскиот премиер, Христијан Мицкоски.

Поврзани новости