313
Преку комуникациски канали врз премиерот Христијан Мицкоски изминатиот период имало обид за понуда на поткуп со цел да се добие неговата согласност за тендерската документација за коридорот 8.
Ова денеска го сподели со јавноста токму тој, на денешната прес-конференција во Владата. Рече дека случајот е пријавен кај надлежните.
„За Коридорот 8, секцијата 3, пругата, врз мене имаше обид да ми биде понуден поткуп со којшто јас, како претседател на Владата, би потпишал прифаќање на оваа тендерска документација која што истекува на 17 септември и кажав дека сѐ додека сум јас претседател на Владата, овој тендер, којшто е тековен и завршува на 17 септември, нема да го прифатам“ – рече Мицкоски.