Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Валандово рече деке е време за нова генерација на политичари, а Гордана Силјановска Давкова била симбол на правото и правдата.
-Време е за нова генерација политичари која ќе биде со народот и помеѓу народот и заедно со народот ќе ја гради Република Македонија. Заев заборави дека помина времето на таквите политичари како него, на таквите измамници и лажливци, а на 21 април народот ќе му покаже што мисли за тоа што и го направи изминативе две години на Македонија. Едноставен е изборот браќа и сестри: Од едната страна ја имаме онаа во мафијашки стил создадена коалиција која што застана зад Стево Пендаровски кој е симбол зад сиот транзициски криминал кој што се случи во Македонија, погледнете ги луѓето кои застанаа зад Стево, тоа се луѓето кои се виновни за целокупната пљачка во Македонија и тие луѓе нас ни велат дека ќе сме оделе напред и од друга страна ја имаме професорката Гордана Силјановска Давкова која е симбол на правото и правдата, без компромисен борец и заштитник на законите и Уставот, вели Мицкоски.