532
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва прогласи победа на локалните избори, во кои, како што вели тој, очекува 50.000 гласови разлика за советничките листи во корист на неговата партија.
-Разликата на советничките листи очекуваме да биде повеќе од 50.000 гласа. Во прв круг победивме во 20 општини, плус Кисела Вода и Аеродром за кои чекаме потврда. За тоа дали ќе бараме предвремени парламентарни избори, ќе се разговара во партијата. Може и да направиме ново парламентарно мнозинство, вели Мицкоски.