Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и денеска продолжи со средбите со граѓани низ градовите. Денеска беше во посета на гостиварската Тулана.
-Домашен бизнис кој функционира со години, и кој дополнително ќе се развива доколку ја има потребната поддршка од надлежните институции. Средните компании мора да бидат ‘рбетот на нашата економија, можен е вистински економски бум доколку навистина се работи на обезбедување на услови за правање на бизнис, се отворат нови капацитети, се намалат даноците, и административните процедури, се обезбеди правда и владеење на правото, им се влее на стопанствениците сигурност. Ние тоа ќе го направиме, ќе се бориме Македонија да предничи по технолошките иновации, ќе бидеме најсилната поддршка на оние кои сакаат да го развијат бизнисот и обезбедат повеќе работни места. Ќе се бориме за силна економија и правда и тоа ќе обезбеди сигурност. Нашата борба е за секој еден човек и за иднина тука во Македонија, порача Мицкоски.