Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Гостивар рече дека на 15 јули ние не се избираат политички партии, етникуми и верски различности, туку концепти.
-Заокружуваме за каков концепт нашата Македонија сакаме да ни се развива, дали концептот кој што го нуди СДСМ, Зоран Заев или концептот кој што го нуди ВМРО-ДПМНЕ. Дали се уште сакаме да гледаме во нашата политика луѓе кои од транзицијата ги гледаме во тие пратенички клупи, луѓе кои со децении ја пљачкосуваат, ја обесправуваат нашата Македонија или луѓе кои имаат свежи идеи, идеи кои се всушност за напредок на нашата Македонија – истакна Мицкоски.
Според него, Заев постапил различно во однос на се што вети во 2016 година.
– Сите ние ќе се обединиме на 15 јули и ќе му се спротивставиме на овој предизвик масовно. Тешко допрва доаѓа после 15 јули. Потоа ќе треба да си ја градиме Македонија затоа што оваа нивната Македонија заедно со Заев и нивното раководство на СДСМ заминува на темната страна на политичката историја – порача Мицкоски.