Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на средба со граѓани во скопската населба Илинден. Оттаму тој порача дека СДСМ и Заев нема да ја однесат Македонија во Европа.
-Победничка атмосфера во Илинден каде го поминав ова попладне. Таму посочив дека истиот тој Зоран Заев еднаш аболиран од Бранко Црвенковски, денеска зборува за аболиција. Замислете човекот којшто е основоположник на аболицијата во Македонија, па има образ да говори за тоа, наместо да излезе да се извини и побара прошка од граѓаните. Ова што го прави СДСМ и Заев нема да ја однесе Македонија во Европа, затоа што во Европа треба да одат луѓе кои се честити политичари, луѓе кои што заедно со честитиот народ, вреден народ одат кон Европа, a не луѓе кои со криминал го стекнале своето богатство и продолжуваат со несмалено темпо да прават криминал, рече Мицкоски.