Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е реформирана партија

by Fokus

Во денешното гостување во вестите на Сител телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека владеачката коалиција е нервозна и се соочува со раскол и проблеми во изборот на кадри за кандидати за градоначалници, а ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е реформирана партија која нуди многу нови кадри за престојните локални избори.

-ВМРО-ДПМНЕ покажува еден широк капацитет на силно реформирана партија, реформскиот процес завршува веднаш по овие локални избори, ВМРО-ДПМНЕ е партија која обединува и партија која широко го зафаќа политичкиот амбиент во Република Македонија, а со објавената коалиција со Алтернатива и Алијанса продолжуваме да се окрупнуваме, посочи Мицкоски

Поврзани новости