Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвена веднаш да оди на избори, но кукавичката влада на ДУИ и СДСМ се плаши од соочување со народот

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање за тоа дали со оглед на активностите на политичките партии на терен државата е поблиску до избори отколку до уставни измени, рече дека ВМРО-ДПМНЕ како партија и како коалиција е подготвена веднаш да се оди на избори, но кукавичката влада на ДУИ поддржана од малцинскиот партнер СДСМ се плаши од соочување со народот.

„Ние сме и партија и коалиција која што е дел од народот и ние сме континуирано на терен и до народот. Ние сме подготвени за избори веднаш, само очигледно стравот и кукавичлукот во владата на ДУИ поддржана од малцинскиот партнер СДСМ е голем, се плашат од народот. Тие бегаат, еве се плашат да достават до парламент иницијатива, се плашат да го покажат пред јавност договорот, се плашат и бегаат од избори. За жал, ние си имаме работа со кукавичка влада. Еве господа, ако не сте покажете и излезете на терен да видиме граѓаните што мислат“, изјави Мицкоски.

Поврзани новости