Мицкоски: Власта се фали со рушење на дивоградба која самата дозволи да се изгради

by Fokus

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, го искоментира вчерашниот почеток на рушењето на дивоградбата кај Мавровка во Скопје. Според претседателот на најголемата опозициска партија, власта се фали со рушење на нелегален објект за кој самата овозможила тој да се изгради и не реагирала. Мицкоски вели дека старо-новата Влада продолжува, како што вели тој, за своите неуспеси да наоѓа виновник во опозицијата.

-И навистина морам да потенцирам дека во општествениот дискурс наметнаа една шизофрена состојба, која е мотивирана и потхранувана од власта, а тоа е создавање на чувство и перцепеција дека за сите неправди, криминали, поларизирања, сиромаштија и економска стагнација не се виновни оние кои се извор на тоа, а тоа е СДСМ и целокупната власт, туку дека е виновна ВМРО-ДПМНЕ која тоа не го спречува, иако ние како партија со сите наши сили се бориме против тоа зло.

Замислете – ние имаме состојба која се гради низ медиумите дека треба да се прослави, на пример, спроведување на законот со рушење на дивоградбата во „Мавровка“ кои сами дозволија да се изгради, и сега тоа е вест, а всушност треба да биде рутинска работа на државните органи кои пропуштиле да си ја завршат работатата. Но народот е целосно свесен со што си има работа и допрва нѐ чека напорна работа и многу труд за рушење на овој хибриден режим. Освежувањата кои ги правиме ќе бидат нова енергија во таа борба против власта и верувам во успех. Во државава има огромно опозициско расположение“, вели Мицкоски во разговорот за ДВ.

Поврзани новости