Христијан Мицкоски – претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на телевизија Сител рече дека ВМРО-ДПМНЕ бара и нуди креативни решенија кои ќе обезбедат и членство во Европската Унија, а со тоа и заштитени македонски национални интереси. Посочи дека власта нема две третини за промена на уставот и дека ВМРО-ДПМНЕ иако се нудеше да биде дел и нудеше решенија власта ги одби и сама учествување во процесот на преговори кој резултираше со усвојување француски предлог и преговарачка рамка која предвидува промена на уставот со цел продолжување на процесот на преговори односно одржување на втората меѓувладина конференција.
Мицкоски додаде дека ако навистина сака Европската Унија да не види таму, мислам дека ова може да се направи за Македонија да може да ги почне преговорите, а измените на Уставот да важат кога ќе се отвара Уставот, кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол од земјите членки на Унијата.
„Ако ја гледаме преговарачката рамка ќе видиме дека таму никаде експлицитно не стои дека ние мораме да го промени уставот. Заклучоците на Советот, ако Советот има добра и чесна намера кон Македонија тоа може да биде толкувано дека не се во функција, ја завршила Македонија својата обврска, се случил оној процес на гласање, но тие не можат да бидат полноправно важечки се до моментот додека државата не биде членка на Европската Унија. Ако тие сакаат навистина да ја видат Македонија, ова е обична формалност за која што ние се бориме и цениме дека, доколку навистина некој сака Македонија да ја види таму, тогаш тоа ќе го направи“, рече Мицкоски.
„Јас дадов предлог и ќе го повторам тој предлог. Влада да, нека биде преодна Влада која ќе ги организира следните избори, а во таа преодна Влада ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде заедно во друштво со ДУИ. Доколку на дневен ред дојдат уставните измени ВМРО-ДПМНЕ би влегло во тој процес само доколку измената на Уставот биде ефективна откако државата ќе стане земја членка на ЕУ“, истакна Мицкоски.
Запрашан за тоа под услов уставните измени да важат одложено дали ВМРО-ДПМНЕ би ги прифатило овие измени кои сега влегуваат во собраниска процедура кои Владата треба да ги испрати. Мицкоски на тоа одговори дека тогаш ќе достават предлог, а позади тој предлог ќе бараат гаранти, а тие гаранти треба да бидат ЕУ и САД, за таквиот предлог да се достави до Собранието.
„Тој предлог ќе биде доставен до овие две институции односно канцеларијата на Европската Унија и САД каде тие да бидат гарант на тој процес дека Македонија ќе ги примени овие уставни измени во својот Устав оној ден кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол од земјите членки во ЕУ“, дециден е Мицкоски.