Владата одби да разговара за нашиот предлог за нашиот предлог за субвенција од 50 отсто за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата, обвини денеска на прес – конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Пред неколку дена најавивме дека ќе поднесеме уредба со законска сила со која ќе овозможиме компаниите да добијат помош од државата во висина од 50 проценти на бруто трошоците за плата по вработен, односно највеќе до 27 илјади по вработен или последно исплатената просечна нето месечна плата за декември месец 2019-та година. И оваа помош не да важи само за месеците април и мај и да биде исплатена во месеците мај и јуни, туку да важи за месеците март, април и мај. И ваквите предлози се она што ние можеме да го направиме во овој момент од позиција на опозиција во државата. Да се понудиме искрено да ја подадеме нашата рака.
Но воедно чувствувам и должност да соопштам дека иако уредбата беше прописно доставена преку нашиот министер, технички министер за внатрешни работи г. Наќе Чулев. Техничкиот премиер Оливер Спасовски не ни дозволил да биде ставена на дневен ред на влада за да биде разгледана и да се отвори дискусија за истата, изјави Мицкоски.
Со тоа, обвинува, владата ги лишува од директна помош компаниите и вработените за субвенција до 50 проценти за бруто плата по вработен или парична помош најмногу до 27 илјади денари по вработен. Со тоа директно за месеците март, април и мај во стопанството државата ќе инјектираше повеќе од 350 милиони евра.
-Уште еднаш повикувам на трезвеност и да се прифати оваа мерка која сама по себе нема да биде доволна свесни сме за тоа, но во значителна мерка ќе помогне, рече Мицкоски.